Изјавата на карпошкиот градоначалник и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски дека „Мицковски интервенира за други луѓе да имаат подобри услови во затворите, а затворениците од 27 април не ги ферма“ ги револтира политичките затвореници на кои се однесуваше.
Покрај Горан Ангелов, денеска на Јакимовски му одговори и Јане Ченто.
Почитуван г. Јакимовски со цела должна почит кон вас и кон тоа што сте нѐ спомнале во вашите јавни настапи дека сме невини меѓутоа морам да реагирам на тоа дека г. Мицкоски не нѐ спомнувал нас. Јас можам да зборувам од мое име за другите нека си кажат тие.
Наназад веќе 5 години кога и да било тема правосудство во јавните настапи на г. Мицкоски сме биле спомнати како жртви на овој режим и дека лично тој и ВМРО ДПМНЕ бараат повторување на постапката час ПОСКОРО. Пропагандата на СДСМ беше толку брутална што одеше до невидени лаги.
Оваа видео е доказ за тоа, гостувањето во емисија на г Мицкоски на 1ТВ.
Вакви видеа има премногу од емисии.
На големиот протест што беше за нас беше прашан на улиците за нас. Отворено кажа дека ова е монтиран процес со лажен сведок и дека Русковска обвинителството Кацарска судството треба да ги тргнат рацете за ние да добиеме правда.
Во повеќе говори ни давал безрезервно поддршка.
Дали можел да направи нешто повеќе од тоа во ваква заробена држава, се сомневам.
Таа забегана клика на СДС нас нѐ избра за жртвени јагниња за да ги спасат некои други.
Од она што го знам во овие моменти ВМРО повторно е цел на напади за да се уништи што судски, што со византиски игри и да остане оваа власт да владее.
Јас немам намера да ѝ, го продолжам мандатот на ваква криминална и режимска власт и ќе се борам час поскоро да се смени, а преку тоа и да се ослободат стегите во судството за да може конечно да ја добиеме правдата.
-Јас верувам во ВМРО и во зборовите на г-динот Мицкоски дека доколку дојдат тие на власт дека ние ќе ја добиеме правдата која ја бараме.
Да живее Република Македонија, напиша младиот Ченто.
Претходно рреагираше и Горан Ангелов:
Кај беше досега да нè спомнеш ако ти беше толку грижа, му порача Горан Ангелов на Стевчо Јакимовски, откако градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ во вчерашно интервју рече дека „Мицковски интервенира за други луѓе да имаат подобри услови во затворите, а затворениците од 27-ми април не ги ферма“.
Ангелов му порача дека тоа воопшто не е вистина и дека претседателот на партијата Христијан Мицкоски имал и ќе има поддршка од него, зошто тој ВМРО и не менува партии, алудирајќи на менувањето страни на Јакимовски.
Не е вистина твоето тврдење!
Сите осуденици имаме исти услови, исто сме третирани во зависност од однесувањето према куќниот ред!
Кај беше досега да нè спомнеш ако ти беше толку грижа!
Мицкоски имал и ќе има поддршка од мене, јас сум ВМРО и не мењам партии!, порача Ќосето.