Јане ЧЕНТО

Почитувани пријатели, дозволете да Ви се обратам во предвечерието на почетокот на изборниот молк.
Победата е на дофат, мириса на слобода во воздухот, дури и тука во затвор се чувствува енергијата која ја донесе ВМРО за промени.

Ова се историски денови за Република Македонија кога после 20 години на власт ДУИ и Али Ахмети конечно ќе бидат испратени во опозиција а со тоа се отвора патот на напредокот на Македонија, бидејќи ДУИ е тој што ја кочи Македонија во се…..тоа е “ракот” на македонската држава од 2001 до ден денес.

Правдата мора да ја вратиме, да ја ослободиме од синџирите и канџите на неколкумина кои решаваа за судбините на многу нанесени неправди изминатите години и индивидуално но и колективни неправди кои ги направија кон својот народ.
Македонија е клекната на колена веќе 7 години и нѐ моли да ја спасиме….а грабната мајка од разбојници не треба да ја жалиме, ТУКУ ДА ЈА ОСЛОБОДИМЕ!

Сме ја спасувале како народ многу пати низ историјата а такви се и овие денови во кои Ве повикувам сите да се приклучите во борбата и да ја ослободиме Македонија од џелатите и нивните измеќари.

За СДС нема да трошам зборови….тие се небитни, предавници на својот народ и тоа го знаат сите.

Македонија е емоција и никакви затвори таа емоција не може да ја затвораат, бидејќи на затворениот ради патриотизам и затворот му е мил наспроти оние кои направија гнасни предавства кон сопствениот народ и се на слобода можеби физички но психички нема поголем затвор од нивниот.

Браќа и сестри, Ве повикувам на 8ми Мај сите заедно да излезете и дадете поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова.

Јас оваа енергија што ја чувствавам во затвор, знам дека Вие ја чувствувате повеќе на слобода, а таа енергија е дека промените доаѓаат и дека Македонија ќе си ја вратиме, а со тоа ќе ги вратиме и институциите во кои сите ќе бидеме еднакви без разлика на етничката припадност.
Македонија ќе победи благодарение на истрајноста, трпението и мудроста на македонскиот народ и лидерството на ВМРО.

Јас силно верувам дека идниот премиер Христијан Мицкоски заедно со неговиот тим ВЕДНАШ ќе започнат со реформите кои ги ветија.

НЕПОКОРОТ кој го покажавме во овој најцрн период во независна Македонија нека биде мотив повеќе да излезете и да гласате за број 2.

Македонија е жива онолку колку што е жив нејзиниот македонски народ…..

Овие денови МАКЕДОНСКИОТ НАРОД е најжив во последните 7 години а со тоа се враќа и надежта дека ќе успееме како држава.

Да живее Република Македонија!
Ќе изгрее сонцето на слободата!