Д-р Весна ЈАНЕВСКА

Непромислената изјава на Мила Царовска дека училишната година ќе почне со физичко присуство на учениците, во време кога имаме над 1000 новозаразени и над 20 починати од Ковид 19 дневно, придонесе за тотален хаос меѓу учениците, родителите и наставниците. Тоа е така затоа што освен генерализираниот пристап за отварање на сите училишта во Македонија со физичко присуство, други детали не им се познатаи на целните групи. И да им се познати, препораките се контрадикторни и според мноштвото учесници во процесот неспроведливи.

Во корист на учесниците во образованието и во правец на успешно спроведување на учебната година на министерката и препорачувам пристап, кој некои земји во поблиското и подалечното опкружување го нарекуваат “модел на семафор“. Регионите, поделени во зелен, жолт и црвен, а некаде додаден и портокалов, но тоа за “способниве“ од оваа влада би дило премногу. Еве предлагам само 3 бои, односно региони во зависност од епидемиолошката состојба со ширење на вирусот во регионот. Зелено – сите на училишта, жолто – комбиниран модел со физичко и онлајн настава, црвено – исто така комбиниран модел со поретко физичко присуство и обврзно најстрого почитување на мерките за безбедност. Прашање е зошто Министерката не го спроведува овој модел? Може да се претпостави. Затоа што е потежок, бара сериозен ангажман и мониторинг. Локалните епидемиолошки комисии немаат капацитет да ја следат епидемиолошката состојба, што би било одговорност на Филипче, или директорите немаат капацитет да ја организираат наставата, што е одговорност на оние кои ги поставуваат, односно пак на СДСМ градоначалниците и Мила Царовска.

Наједноставен начин за справување со протести на родители, негодување на наставници и разочарани и немотивирани ученици е пристапот на Министерката кој би можеле да го наречеме “модел на насилие“. Одлуката е донесена и така ќе биде.

Ми се чини дека само малку воља да имаше и само малку интерес да имаше и летото да се исккористеше за планирање на решенија, немаше да се соочуваме со два огромни проблемми: четвртиот бран и непочетокот на учебната година. Непочеток, затоа што се’ погласни се најавите за бојкот и затоа што за нормален почеток требаше да бидат поделени свидителства, да бидат дистрибуирани учебници, да бидат направени групи на ученици и списоци за видови на настава, училиштата средени и чисти, дезинфициенси да има во тони и најважно од се’ БРЗИ ТЕСТОВИ и за учениците и за наствниците.

За жал деновиве станува сосема јасно дека министерката повеќе се бавеше со генерална политика, промоција на својата партија и формите за предизборен поткуп, откколку со образованието. Веројатно и’ стана јасно дека трката со времето за непромислената и избрзана Концепција ја губи, и и’ стана јасно дека се’ ќе биде почнато и недовршено и дополнително натурено, па реши да се посвети на зачувување на власта на нејзината партија, пo секој цена, за и понатаму да задржи функција, за која очигледно не е подготвена.

Денеска сме 27 август, само 4 дена пред почетокот на учебната година.