„Притисокот и заканите секојдневно стануваат се пострашни и пострашни. Веројатно се чувствува оваа расположба во населението, дека власта ќе се промени. И притисоците се повеќе растат на сите нивоа, па и на оваа област на која што јас функционирам во образовниот систем“, истакна Весна Јаневска, претседателката на Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Што не е јасно“ со Искра Коровешовска.
Јаневска додаде дека страшно е како учениците се уште работат без учебници и се приморани да пишуваат тоа што им диктираат наставниците. Неспособноста на власта удира и по најмалите.
Јаневска се осврна и на еден пример каде што од МОН дури се јавиле на директорите по училиштата за да им кажат да учениците не треба да пишуваат во учебниците по математика. Ако тоа е така требало да се изработат работни тетратки каде што децата би можеле да ги решаваат задачите.
„Многу огромни се небулозите кои што се случуваат во образованието“, нагласи Јаневска.
„Апсолутно нетранспарентното работење не само на министерството за образование и наука, на сите останати институции буди сериозни сомнежи дека нешто не е во ред. И ако нештото не е во ред тие досега требаа да станат свесни, требаше да им стане јасно дека начинот на кој што функционираат не е добар. Тој начин на кој што функционираат ќе ја сруши оваа ненародна тендерска власт. И се надевам дека што е можно побрзо ќе се случи за да можеме да почнеме да ги поправаме овие незамисливи грешки“, укажа таа.
Таа се осврна и на сакндалот како синот на Талат Џафери положил правосуден испит.
„Според мене ова е клучниот момент кој комплетно го разруши образовниот систем во Република Македонија. Затоа што во основното и средното имаме сериозни проблеми не дека ги немаме. Меѓутоа некако се држеше високото образование. Но, ова беше скандал кој мислам дека ги уби сите оние кои веруваа во образованието. Значи да завршиш три години и да ти признаат четири и при тоа некој да се правда дека Законот не бил како што треба, а професор и знае дека тоа не може“, појасни Јаневска.
„Да завршиш три години, да ти признаат четри години, и при тоа да пристапиш на полагање на правосуден испит, а да немаш право на тоа, при тоа да се запишеш на Академија за судии, а да немаш право на тоа, им покажува на младите луѓе дека не е важно да знаеш туку дека можеби е поважно да си корумпиран и да имаш некој татко, роднина, пријател кој што ќе ти ги заврши работите. И потоа да дојдеш на позиција за која не си спремен и да работиш нешто за кое што не си спремен. Е, тоа мислење и тоа сфаќање во ова општество го наруши цеколупниот образовен систем“, рече таа.