Дарко ЈАНЕВСКИ

Не е за верување колку СДСМ беше предвидлив. Карантин за Рамазан, полицијаците на кои истата Влада одби да им даде по 15 000 денари награда да одат да се колат со муслиманите кои веќе кажаа дека ќе одат по џамии, а после тоа, од вторник (од денеска), целосно олабување на мерките. Кој спомена кафеани? Филипче? Тој беше нели?А, зошто тоа? Па затоа што на Заев му требаат избори. Брзи и матни.

И сето тоа беше јасно. Интелигенцијата во СДСМ веќе е апсолвирана. Дополнета со зборовите на Бранко, кого Мирка своевремено го цитираше потсетувајќи се на од него кажаното: „Ти не знаеш колку сум расипан!“

Дотука се чисто. Нема ништо ново. Ново, и за изненадување е подлоста со која ова е изведено – предлогот за укинување на мерките не доаѓа од „Заев енд краставица компани“, туку доаѓа од Комисијата за заразни болести. Се налутиле дечињата оттаму, па го дале предлогот. оти не биле почитувани мерките. Ајдееее! Кои мерки? За дистанца? Како тие на Спасовски во Куманово кога меѓу купче луѓе дели флаери на кои стои дека треба да држите дистанца од два метри? Тие мерки кои во Струмица во ромските и турските маала се почитуваат додека им делат сода бикарбона и брашно? Хуманитарно. Што е во ред. Оти содата им е нужна на луѓето за сузбивање на киселината, после јадењето детелина и трева со оние 14 500 бруто добиени од купонката Групер.

А, сериозниот народ, реално, и од Филипче и од Комисијата, кога веќе продаваат некаква си лутина (како мало дете кога ќе му ја земат играчката), ако држеа до себе, очекуваше да поднесат оставка во петокот, кога Владата не го прифати нивниот предлог за карантин од саботата. Владата е таа господо која не ве испочитува, ако бевте искрени со мерката, а не народот. Народот ја знаеше и ја виде политичката позадина.

Но, тоа што вие го одмолчевте одбивањето на вашиот прелдог, беше само потврда дека навистина карантинот не ви бил од здравствен аспект, туку од политички. Оти, знаете кој е резонот и логиката на луѓето? Ако овие и молчат на Влада која вели дека се потпира исклучиво на стручњаците во оваа епдиемија, а при тоа им го одбива предлогот и си тера некој свој предлог, тогаш, авторитетот на тие луѓе е понизок од авторитетот на еден Спасовски. А знаете кој е авторитетот на Спасовски? Ајде, сите вие сте паметни луѓе, барем во вашата струка, јасно ви е и за ова, нели?

Значи, да се вратиме на главното. Зошто не го направивте тоа? Зошто не ја притиснавте Влдата која всушност во петокот, откако во јавноста не и помина политичката шема, ви покажа среден прст и ве понижи како никој веројатно досега во вашата кариера. Зошто, ако тоа ви беше мерка од која животот зависи? Знаете зошто? Затоа што и вам ви беше јасно што е што во приказната. Нели? Инаку, дури и тренерот на оној од фудбалски клуб од селото кое имаше замолница до селаните да не ги пасат веќе кравите на игралиштето, зашто теренот останал без трева која ја изеле кравите, би му дал отказ на газдата кој не му ги прифаќа предлозите. Дури и тој. Ама не и вие.

Така што, тоа што сега ве построиле тој со краставиците и оној „паук из Куманова“, е една работа, ваша, ама барем не им продавајте на луѓето детски играрии. Оти, знаете зошто децата немаат деловна способност? Зашто се смета дека се незрели. Тоа ли си го дозволивте сега, на овие години?

Инаку, ако беше за лутина, немаше да се налутите дури ни во петокот. Ќе се налутевте порано, многу порано. Потсетете се малку кога за прв пат е воведена обврската за задолжително носење маски. Вашата мерка. Еве, за да не се мачите – на 20 април. Ако првата мерка ви е од 26 февруари, тоа значи дека задолжението за маски сте го донеле после два месеци од почетокот на кризата со корона, на која и претходеше криза со грипот од 37 000 заболени. А тоа се само евидентираните. Кажете ми еден маркет, од оние поголемите, кој е затворен зашто примил луѓе без маски, зашто немал средство за дезинфекција (во март месец), зашто во него има повеќе луѓе отколку што е потребно за да се одржува дистанца? Всушност, таква мерка и нема. Има препорака. А, знаете зошто? Зашто не смеете да донесете, оти се во прашање големи газди. И затоа што пак, од друга страна, вие ги набивавте луѓето еден врз друг во тие маркети. Сто пати ви беше кажано тоа. Јасно ви е тогаш зошто не ве сфаќаат сериозно и зошто ве сметаат за политички инструмент? Да не зборувам за тоа дека народот не ви ги знае ни имињата. Ама добро го знае Филипче, кој од одличен лекар, се претвори во манекенот Фатиме Фетаи викан „Гучи“.

Или, да не ве потсетувам – требаше да се лутите уште на 2 март со Цаца. Или со… ај да не се повторувам по кој знае кој пат!

А требаше да биде обратно. Вие сте тие кои требаше да ги построите и Спасовски и Чулев и Јовески… Да стојат мирно пред вас. Да не дишат. Воздух да не земаат додека вие говорите. Наместо тоа, вие се претворивте во инструмент на типчиња како Костадин Костадинов. Еј, Манулач и неговиот шеф, нивната желба за избори од една страна и вие од друга. Замисли, учиш пет години на факултет, кој знае колку години работиш додека дојдеш до специјализација, па потоа години специјализација, па надградување, па нови методи, па понекогаш и умрен пациент… стресови, ниски плати… и на крај, го добиваш на другата Манулач како шеф. Тамам се ослободивте од оној сегашниот поддржувач на Филипче и колумнист во Дојче Веле, и налетавте на друга мина. И виновен ви е народот. А како што рековме, беше видливо уште минатата недела: карантин за малку крв со муслиманите, а од вторник отворени кафеани. И вие си молчевте.

Повторно да се вратам на клучното: првата мерка која не ви беше прифатена е таа од петокот за рамазанскиот карантин. Добро. Зошто не поднесовте оставка? Зошто денеска не си поднесовте ставка, ако навистина ви е виновен народот, туку ги покривате Муртино и Манулач? Зашто им требаат избори? Зошто не поднесовте оставка кога оној Георгиевски ги вадеше од полициска станица тие од Сингелиќ? Молчевте. Зашто? Затоа што ве впергнаа во политика. Молчевте еве три месеци во кои Филипче си билдаше рејтинг за да се врати во политичка игра, три месеци во кои додека стотици лекари гинеа, побитни беа певаљките кои предлагаат плескање, пијандури, фејсбук тролови кои трчаат во одбрана на ликот и делото на другарот Филипче, преку него на Заев, Спасовски…, побитни беа…!

А, знаете што, па, на Тито системот за градење мит од него имаше повеќе обзир кон луѓето од овој на вашиот шеф. Но, треба да знаете и уште нешто. И оној од Италија, Конте се вика, премиер е, е тој кому му колабираше системот, кому му умреа десетици и стотици медицинари, да не зборувам за оние 30 000 мртви, сите хронични, стари и кој знае какви се не подлеци кои му го оптоваруваа пензискиот и здравствениот фонд, е и тој Конте, и оној Филип од Франција премиерот, сега имаат повисок рејтинг од тој што го имале пред кризата. И знаете како на крај ќе поминат, кога луѓето ќе ослободат од стравот и од сликите со ковчези? Почекајте малку.

Е, ама за да не се почека тој момент, да се претрка тој подлец од момент, затоа му се брза на вашиот од Муртино. Затоа требаше карантин за Рамазан и затоа од денеска се бара олабавување на мерките. Впрочем, кој спомена отворање на кафеани од оваа недела, истиот ден кога побара карантин за празникот? Филипче, нели? Каква е вината на народот за тоа?

И, каква е вината на народот во тоа што имаме најголем број мртви во регионот? Каква е вината на народот што имате повеќе заразени од Словенија која се граничи со колабираната Италија на Конте? Дека не носел маски? Па вашиот Филипче уште во февруари рече дека тие се повеќе штетни. Така пишувале од СЗО. После рекле да се носат маски. Па рекле да не се носат. Па да се носат. Е, јеби га… Познавам луѓе што носат маска од таму некаде 20-ти февруари. Пред да се спомене корната кај нас. Од други причини, а и поради грипот. Знаете што велат? Цел март луѓето не гледаа како да сме „удрени“! Што мислите зошто? Кој е виновен за таа атмосфера?

Ама кај нас, во маркети без проблем пуштаа без маски. Вие тоа го одобривте. Пензионерите вие ги ставивте еден врз друг со вашите мерки. Каква е вината на народот што лекарите и другите медицинари беа без опрема? Знаете дека тоа што луѓето беа оставени без опрема е кривично дело? Зошто не го построивте Јовески заради тоа? Се тоа се решаваше во првоте десет дена по 26 февруари. Кога меревте температура. Или во првите десет дена од март. Ај, остајте ги луѓето, знам не ви е тоа по вашата заклетва, но сепак, еве да кажеме оставете ги! Ама вашите колеги? Еј, оној Љубави вонредна состојба ви прогласи. Јовески требаше пред вас мирно да стои, на една нога и да не трепнува со очите затоа што не го спроведува законот. Чулев ви пречи? Ќе си го викневте заедно со оној пиштолџијата на Заев, нема вие да им решавате политичките игри, ама двајцата, заедно со Јовески, да не дишат пред вас додека им кажувате што треба да се направи. Оро да ви свртат, како оние несреќници пред многу години кои играа пред британската амбсада за да докажат дека се играорци. Оти ова е криза која се решава со медицински мерки (набавка на респиратори од Бразил со некој местен тендер беше една од медицинските мерки, нели?), ама и со правна држава. Која мора да биде прецизна како човек што оди по јаже поставено над провалија.

Ама не, наместо вие да изградите рејтинг и почит, а не Филипче да си гради политичка кариера, вие месец дена меревте температура на аеродром. Филипче тераше своја кампања, а за тоа време половина држава смета дека ова е некоја заебанција! Луѓето реагираат така како што гледаат. Е, сега, како тоа, половиа држава не верува во вирсуот, ама повеќе од половина веруваат во Филипче? Дали се добри мерките? Да, да, добри се. Дали народот не чини? Не, не чини! Никако (патем, рака на срце, ние уште сме народ и земја каде носот се дува со рака, на улица, а потоа раката се брише од пантолони, тоа не е спорно). А, дали е Филипче е добар? Аааа, добар е, како не бил добар. Ма не е добар, одличен е. Прекрасен. Ене ЛидеЛиде прашајте ја. Ама, дали е вирусот е вистински? Е, не е вистински! Заговор е! Ви текнува сега?

Така што, ако сте решиле да му служите на Заев, на Манулач, на Оливер Спасовски, служете му, ама немојте да го обвинувате народот за тоа. И тоа нема врска со партиите. Оти очигледно, истото ќе го правевте и оној „Смрт“ да беше.

Е, да, и една дилема, един впрос, што би рекол на мајчиниот ни јазик по ново или „једнога прашање“ според српскиот ни новоговор на нобеловецот од муртинската нива: Овие што не почитувале мерки овие денови, а поради кои сте лути, каква врска имаат со тие што се заразиле пред да се налутите дека ви ја зеле играчката, а кои завчера, вчера, денеска ви се јавуваат како позитивни? Значи, тие што биле непослушни вчера, каква врска имаат со тие што се заразиле пред 14 дена кога не бевте налутени на народот, а кои ги броиме денес? Не се сите од Струга, нели, од Скопје се најголем број. Ах, да, и зошто денеска пред вас не стојат мирно оние од Министерството за труд и од Инспекторатот (пред некоја недела имаше некоја плавуша на ТВ) или од која и да е институција, кои дозволиле во некоја си конфекција во Штип да не се почититуваат мерките, па да има заразени? Зошто? Да не сте заборавиле дека ова е епидемија? Да не сте заборавиле дека ова е вонредна состојба? Да не сте заборавиле дека луѓе умираат и дека ако треба, цела држава пред вас има мирно да стои, ама на чело од тие што мирно стојат, покрај погоре набројаните да бидат Заев, со Спасовски и да не редам. И да прават, така како што ќе им кажете.

Ама вие не се поставивте така. Решивте да бидете играчка, а сега се лутите дека така народот ве доживува. Истиот тој народ кој гледа дека можеме да и завидуваме на една колабирана Албанија, на Бугарија, еј на Бугарија чиј премиер е… па чиј премиер е на ниво на Заев, на Димитров… Во Србија член на кризниот штаб е човек кој во февруари велеше дека корона вирсуот „е најсмешниот вирус“ и дека жените слободно можат да одат на шопинг во Милано. Тоа Милано што е сосед до оној скијачкиот центар каде беше другарка ви на која ни температура не и измеривте на 2 март кога влезе во Македојија и отиде на симпозиум. Е, а дури и таа Србија на тој член на кризниот штаб, има двојно подобри бројки од нас.

И, да, знаете зошто народот не ве зема за сериозно? Зашто оној вашион кенгур од Фондот, на лекарката од Куманово и одбивал од плата, додека таа лежеше на Инфективна. Зашто жената, види богати, не се заразила на работа каде била оставена без опрема. И знаете уште зошто? Затоа што ви се зарази оној неподвижен човек од Тетово во Заводот за рехабилитација. Умре подоцна човекот. И затоа што онаа директорката од Охрид чија болница не ја прими пациентката која потоа умре, ви пиша дека немала опрама односно апарати за вакви ситуации. И затоа што… Всушност бадијала редење. Го правев тоа претходно. Така што бадијала. Оти изгледа, и ВМРО ви помага во оваа ситуација, па ви ги позајмил половина од огледалата за самобендисаност додека трае кризата. А, кога е така, помош, што би рекле на улица, „јок, брате“!

Ама барем досега се мислеше дека само Филипче е лекарската манекенка во оваа ситуција. Нашата „корона Фатиме Фетаи“. Која си го шета „гучи“. И тоа беше добар имиџ. А, вам, баш и не ви требаше да ја реметите таа идлична слика. Знаете, идилична како оние за Нова Година и Божиќ: снег од половина метар, куќичка со многу светло среде тој снег, чувствувате дека внатре е топло, а горе санките и Дедо Мраз. Само немојте навистина да се најдете во таа слика: десет минути и готови сте! Ве нема!

Во секој случај, планот на Владата беше скроен од порано. Заради изборите. Само што вие не моравте тоа да го покривате. немаше потреба.

Патем, денеска имате повторно над 10 отсто позитивни од тестираните. Но, независно од тоа, кога ќе ви кажат, не заборавајте да излезете на гласање. Заевци ќе бележат кој од нивните излегол, а кој не.