Дарко ЈАНЕВСКИ

На починатата жена од Куманово и правеа три теста – два негативни додека беше жива, позитивен беше тестот дури откако почина;
На син и му се правени два теста – едниот негативен, едниот позитивен:
Кај лекарот од битолската болница Плодност – три теста: во понеделникот – негативен, во петокот – позитивен, во саботата – негативен;
Во Козле кај неподвижниот пациент кој се заразил, тврдеше дека имаш имформации дека му дошла посета во време на забрана на посета, а неговите тврдеа дека тоа не етака. Сега имаш осум медицинари таму заразени плус пациенти…
КАДЕ ГРЕШИТЕ море човек, не е ова заебанција со твоите шупелки кои трчаат по ФБ да те бранат штом некој ќе напише нешто против тебе, не е ова некоја певаљка што плеска, ниту е ова тендер.
Е да, твоја работа беше да спречиш ескалација, а не да кажуваш дека пикот допрва ќе следи, односно ќе бил на крајот на април. Па утре може да има 100 нови, ама демек си ни кажал… Патем, нас не интересира дека ескалација има и во САД и не знам каде. Ти не правиш тендери таму со наши пари, туку овде.