„Ти благодарам. Го гледав филмот вечерва. Повеќе го разбрав како медијација врз наследството на културата на насилство, отколку било што друго и пред се како химна на животот и љубовта. Ти благодарам за ова.
Кристиан Тимониер
Француски амбасадор
Thank you.I watched the movie this night.I understood it more as a meditation on the heritage of a culture of violence than anything else and first of all an anthem to life and love.Thank you for this .
Christian Thimonier
French ambassador“
Ова е пораката што режисерот на „Ругање на Христос, Јани Бојаџи, ја добил од францускиот амбасадор во РМ, Кристијан Тимоние, откко тој го изгледал филмот. Пораката, Бојаџи ја сподели на ФБ, а при тоа додаде:
„Му благодарам на амбасадорот на Франција за вниманието и интересот за филмот ,,Ругање со Христос“ и за мојата работа како уметник воопшто. Долги години избегнував вакви средби. Ги сметав за ,,кодошење,, на сопствената земја кај странци. Но веќе немам избор. Си ветив, ќе отидам кај секого каде што ќе можам да ве демаскирам, раскринкам и докажам дека ги лажете за тоа што сте: лажни левичари кои поддржуваат милитаристички организации, псевдо уметници кои забрануваат и поддржуваат забрана на уметност, конвертити чии татковци и дедовци биле антизападни бољшевици и каповци на комунистичките тајни служби, црвена буржуазија која триесет години создава конфликти од кои се храни и живее! Борбата е тешка. Ама ќе победиме. Вистината, секогаш победува, нели?“