„Ќе се помирувале?! Нека им е со среќа! Јас со ,,Црвената Буржуазија,, не се помирувам! И ич не ми е гајле со кого тие мислат да се среќаваат по влади и собранија за да си ги пополнуваат споменарите! Ќе се помирувале сега? Оти не се помирувавте 1994 тата кога ги пљачкосувавте фабриките?
Оти не се помирувавте 2004 тата кога ја поделивте земјата? Оти не се помиривте 2014 тата кога ја рушевте владата? Јас не се помирувам со лажлива банда која на секои десет години создава кризи од кои се храни и таа и нејзините деца и внуци! Сега ќе се мирите?! Оти не се помиривте 1949 тата кога ги грабавте дуќаните и алатите на дедовците ни? Оти не се помиривте 1954 тата кога ги запустувавте селата? Оти не се помирувавте 1964 тата кога од неукост, незнаење и неспособност да раководите со државата и стопанство создадовте сиромаштија која ја бркавте по Австралии и Германии на гурбети?
Оти не се помиривте кога ги фамилизиравте факултетите, театрите, академиите? Сега ќе се помирувале? Прво да ги вратите фабриките и комбинатите! Дваесет и пет години ве гледаме како ги растурате затоа што не ве бива и не знаете да управувате и со нив! Да ги вратите па ќе видиме кому и дали ќе ги дадеме? Ќе се помириме кога ќе платите за солзите, туморите и раковите на 200.000 мажи и жени што ги оставивте на улица!
Ќе се помириме кога ќе им ги измиете нозете и испиете водата на работниците и нивните деца што пораснаа со сто марки месечно! Ќе се помириме кога ќе на селаните ќе им ја избришете потта од челото! Ќе се помириме кога ќе застанете заедно со нас во редот за леб, ред и работа! Ќе се помириме кога ќе излезете од универзитетите на кои ниту вие се стекнавте ниту некому друг сте предале знаење и вештини!
Ќе се помириме кога ќе ви се сиктердиса да пишувате, издавате, снимате и прикажувате за онолку време колку што ќе треба да ги вратиме вредностите на слободата, братството и еднаквоста кои ги презирате! Ќе се помириме кога еднаш засекогаш ќе утврдиме што е лево а што е десно? Каде е горе а каде е доле? Кај е напред а кај назад?! Ќе се помириме кога ќе знаете да определите што е возвишено а што ниско? Ќе се помириме кога од фасадите, од улиците и плоштадите ќе ја исчистите сета урина и сиот измет што триесет години го истурате лажно обвинувајќи ги другите за тоа! Ќе се помириме кога сосема наивно и сосема бескорисно ќе разбирате што е зло а што добро?! Ете тогаш ќе се помириме. Можеби?“
Јани Бојаџи на својот ФБ профил