Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор, Звонимир Јанкуловски во однос на повикот на лидерот на СДСМ Венко Филипче за лидерска средба не гледа причина, бидејќи како што вели зошто би им ја дал истата на нерелевантна партија која што се обидува низ таквата лидерската средба да се верификува на политичкиот пазар.

Ова синоќа го изјави Јанкуловски во гостувањето во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија со новинарот Љупчо Цветановски.

-Не гледам никаква причина за лидерска средба, зошто би им дал лидерска стредба на нерелевантна партија која што се обидува низ лидерската средба да се верификува на политичкиот пазар, смета Јанкуловски.

Ја видовме нивната стратегија, ако треба да се пазариме со историјата и идентитетот за да влеземе во ЕУ, благодарам вели амбасадорот.

-Она што го одбиваа во времето кога ја конституираа власта во Македонија, сега се обидуваат да се наметнат како фактор во политиката. Дека тие се фактор, видовме дека идејата беше да градат заедничка стратегија кон ЕУ. Нивната стратегија ја видовме, незнам што може да понудат. Ако е стратегијата како што се пазариме со името за влез во НАТО, да се пазариме со историјата, со идентитетот за да влезиме во ЕУ, ако тоа е стратегијата да ја понудат на оваа Влада, благодарам, дециден е Јанкуловски.

Тој додава дека ова не е прашање на владата, туку народот едноставно не ја прифаќа таа идеја.

-Не е прашање на владата, народот едноставно не ја прифаќа, не ја купува таа идеја. Она што е во целиот концепт на тие лидерски средби, јас сум еден од они против таквите лидерски средби, затоа што лидерските средби во основа го дерогирааат, односно ја сипстуираат парламентарната демократија, тааму кааде што треба да се решаваат прашањата. Во основа ги сведува политичките прашања на племенски договор, вообичаено тоа е термин кој што се употребува на ваквите средби и тоа се наметна во македонската политика. Да бидеме реални во македонскиот политички систем многу работи ни се наметнаа како дивоградби во Уставот. Почнувајќи од оваа етничка поделеност во поглед на политичкото организирање, па и ако сакате лидерсите средби. Што значи тоа, дека лидерите на партиите кои се најзастапени во Парламентот, надвор од Парламентот ќе ги решаваат политичките прашања во име на граѓаните? Би требало да бидат реперезент на политичка група, затоа што Парламентот е Форумот каде што овие прашаања треба да се расправаат, појаснува Јанкуловски.

Јанкуловски вели дека не гледам никаква причина за лидерска средба, зошто би им се дало лидерска стредба на нерелевантна партија.

-Обидот сега она што Филипче го бара, веќе еднаш се сретнаа во Влада. Нема што да понудат, видовме што добивме во политиката. Добивме руинирана држава, едноставно држава која на стаклени нозе функционира. Добивме штети кои оваа Влада треба да ги исправи кои тешко се исправаат затоа што се направени во контекст на нашето меѓународно претставување и нашета меѓународна позиција. Дирекно штети, на удар беше суверениететот на државата, националните интереси. Кога се пазарите со тоа, што очекувате од една таква политичка опција. Зошто би им дал лидерска стредба на нерелевантна партија која што се обибува низ лидерската средба да се верификува на политичкиот пазар? Не гледам никаква причина, а најмалку со тоа се нарушува политичкиот систем на носење на одлуки во контекст на политичките прашања кои се од интерес на државата, смета Јанкуловски.