Словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер објави дека Словенија наскоро ќе ги врати дипломатите во Киев.
Јанша синоќа напиша дека дипломатите кои се враќаат се доброволци.
„Работиме да ја натераме ЕУ да го стори истото. На Украина и е потребна дипломатска поддршка“, напиша Јанша во објавата.