Скандалот со скапи набавки, раскалашеност и аздисаност на Заев, Спасовски и СДСМ продолжува, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
– Освен набавките за морски плодови и риби, документите покажуваат дека Владата дава пари и за набавка на скапи пијалаци – 2 тони сортно вино, 45 литри бурбон виски, 90 литри шкотско виски, 30 литри шампањ, вотка итн. Октопод пијаната влада на Заев и СДСМ додека народот страда за леб, купува, повторувам, 2 тони сортно вино, 45 литри бурбон виски, 90 литри шкотско виски, 30 литри шампањ, вотка. Ова не е е само голем скандал, ова е забеганост, ова е лудост, ова се прави додека луѓе умираат и додека има вонредна состојба. Ова е надвор од памет! Во буџетот има дупка од 1.3 милијарди евра, ама нема дупка кога треба да се набават луксузна храна и алкохол. Еве за што им служат набавките во време на корона – за честење, за пиење и јадење скапа храна. Додека Заеви делат пакети за поткуп, за кој медиумите пренесоа дека се со артикли со поминат рок, владата на Заев еве на што ги троши парите. И сето ова додека Македонија тоне во криза, додека економијата крвари, додека граѓаните страдаат за леб, а здравството брои жртви. Ова не се приоритети на државата, ова не се приоритети на граѓаните. Свестете се! Ова што го правите е лудост! Барам, под итно, оваа набавка да се поништи и овие пари, исто како и парите од набавката за морска храна да се пренаменат за купување на заштитна опрема за лекарите и дезинфициенси за болниците, се вели во реакцијата од Јанушев.