Спасовски не сака да прогласи кризна состојба во Куманово, ама затоа сака со службени возила да оди во партискиот штаб на СДСМ и да држи состаноци.
Оливер Спасовски внатрепартиски се пресметува со Максо, а во Куманово народот го губи здравјето. Ама, не заборава да го злоупотреби државниот имот и со партиската придружба и блокирани улици во Куманово да одржи партиски состанок, бидејќи освен тоа што е технички премиер, човекот бие и партиска битка со Максо.
Туку да прашам, сега Спасовски ќе одговара ли што со службени возила “тера” партиски агенди? Значи, нема државни ресурси за заштита на здравјето на кумановчани, ама има државни ресурси за приватни партиски состаноци на Спасовски. Ова е класично мешање на државата и партијата. Дали сега по објавените фотографии сам ќе си ја плати сметката за користењето на возилата или повторно тоа ќе падне на грбот на граѓаните? Или, важно е да биде исполнета суетата на Спасовски, да го видат со државни коли, а што повеќе гужва мислат поголема гласност, дека успеал, но јас ќе кажам тоа е неиживеаност.
И, една порака за крај, Спасовски прибери се, Куманово не е твоја лична “своина”, поважно од вашата партиска битка е здравјето на народот.