Игор ЈАНУШЕВ
Целосно изненадени и “фатени” со “спуштен гард” … и во таква ситуација, а не можејќи да најдат било каква “црна дамка” во кариерата на предложениот кандидат за министер за внатрешни работи, Заев и криминално-рекетарската банда околу него веднаш почнаа да бараат алиби во правни толкувања … истите тие кои во изминативе 3 години не знам колку пати го прекршија Уставот на Република Македонија!
Единствената причина што Заев и СДСМ го проблематизираат назначувањето, односно изборот на министерот за внатрешни работи е обидот да одолговлекуваат … да го одолговлегуваат колку е можно повеќе соочувањето со народот.
Да може Заев ќе го одложи и одржувањето на изборите на 12 април, иако пред само два дена се самохрабреше дека во април СДСМ убедливо ќе победеле. Повеќе од очигледен е стравот од пораз и паниката кај Заев и СДСМ.