Генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на денешната прес-конференција, на новинарско прашање околу предлогот на СДСМ за избори во ек на корона нагласи дека е беспредметно да се говори за гласање во ваква состојба.
-Да разговараме за избори овој период мислам дека е безпредметно, бидејќи здравјето и животот на граѓаните е пред се и нас се. Исто така треба сериозно да се поведе грижа нешто што не се случува од страна на СДСМ и Владата во однос на економијата и стопанството кое тоне. Она што можам да го увидам е дека и покрај тоа што на почетокот барем пред извесен период СДСМ се криеше позади изјавите дека се за здравјето на граѓаните, дека тоа е приоритет. Всушност под маса така кажано лиферуваше со новинарите дека всушност се избори, тоа веќе не го кријат јавно кажаа дека сакаат избори веднаш по завршување на оваа вонредна состојба. Има три работи коишто се битни да се кажат а се поврзани со овој став на СДСМ. Првиот е дека тие на овој начин се надеваат дека ќе го ублажат поразот затоа што се свесни дека ги очекува огромен пораз и се надеваат дека ќе го ублажат истиот, затоа што првично се надеваат на ниска излезност поради стравот којшто постои кај граѓаните на Република Македонија во однос на целата оваа ситуација да излезат и да гласаат.
Втората работа според Јанушев е дека се надеваат на еден начин на фалсификат на изборите бидејќи де факто доколку изборите се одржат веднаш по вонредната состојба ќе немаме или ќе имаме многу мал мониторинг од страна на релевантните институции којшто го прават истиот за време на изворите. Така да уште еднаш е јасно дека СДСМ покажува една работа дека воопшто не им е битно ниту народот во Република Македонија, ниту што мислат луѓето во државава, туку на секој можен начин да се обидат да ја спасат сопствената кожа,