Јапонската Влада разгледува предлог бесплатно да им се понуди на сите граѓани вакцина против коронавирусот.
Владата во Токио соопшти дека нејзината цел е да обезбеди доволно вакцини за сите граѓани до средината на следната година.
Со оглед на тоа дека коронавирусот е исклучително заразен и остава трајни последици врз здравјето на оние кои го прележале, јапонските власти сметаат дека што повеќе луѓе треба да примат вакцина.