Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот дел на јапонскиот остров Хоншу.

Како што соопшти Американскиот геолошки институт, земјотресот бил на длабочина во 27 километри под дното на Тихиот Океан, со епицентар на 174 километри источно од градот Хашино.

Засега нема извештаи за евентуални жртви и предизвикани материјални штети, ниту е објавено предупредување за можна појава на цунами.