Пајазит Пајазит не смее да продолжи понатаму да биде судија, одговорност за бегството на Рамадани мора да има, рече на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.
Тој истакна дека Пајазит Пајазити мора да објасни зошто го пуштил Блерим Рамадани во куќен притвор, наместо затворски.
-Истиот знаел дека Рамадани е лице кое може да се даде во бегство и покрај тоа му овозможил шанса за да избега.
Пајазит Пајазити е истиот судија кој пресуди условна казна затвор за Иџет Мемети кој призна дека зел поткуп со Наќе Георгиев за да му ја олеснат казната на Боро Марлборо. Внимавајте условна казна за службено лице, заменик претседател на Советот на јавни обвинители, кој требал да спроведува ред, а не да го крши.
Истиот Пајазит Пајазити е судијата кој не одредени притвор ниту за лицата кои упаднаа во контролната кула на скопскиот аеродром.
Пајазит Пајазити мора да одговара. Одговорност мора да има. За почеток тој треба да биде разрешен, а потоа против него треба да се отвори постапка, за да објасни како во неговите предмети тешки прекршители на законите поминуваат неказнето, со условна осуда или бегаат, посочи Јаревски на прес-конференцијата.