Врз основа на Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета (Сл. весник Бр. 251 22 ноември 2022 г.), а во врска со член 14 од истиот закон, поднесувам ДЕМАНТ
Предмет: Демант на вест „ФБИ ОТКРИВА: Сорос ја финансирал Јасмина Голубовска, која се мачкаше со кармин пред полициски штит во тн. Шарена револуција“ – 25.02.2025 г.
Почитувани,
Ве контактирам во врска со ре-објавата на вест од странски медиум во кој е наведено моето име и презиме, како и манипулација со јавно достапни информации од страна на квази-медиуми во САД и истите да ги претставувате како веродостојни факти и докази добиени од страна на Федералното Биро за
Истраги при САД.
1 Согласно објавената вест, демантирам дека сум била ангажирана и/или добила финансиски надоместоци за практикување на граѓанските и политички права кои ми се загарантирани со Уставот на Република Македонија и понатаму, Закон за јавни собири.
Фотографијата која ја ре-објавивте во оваа вест е направена за време на јавен собир (05.05.2015) за поддршка на семејството на убиениот млад активист на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Мартин Нешковски беше брутално убиен во јуни, 2011 година на плоштадот Македонија. Како и илјадници други млади луѓе кои беа згрозени од случајот, така и јас протестирав против полициската бруталност и баравме политичка и правна одговорност од сторителите речиси 4 години.
Протестот на 05.05.2015 година беше резултат на јавниот повик на семејството за поддршка во барањето одговорност за обидите за криење на убивството преку тогашното Министерство за внатрешни работи. Оваа информација беше објавена на сите национални и локални медиуми како дел од прислушуваните разговори на носителите на јавни функции.
Авторските права за фотографијата ги поседува фотографот Огнен Теофиловски и медиумската агенција Ројтерс кои ја објавија фотографијата и истата, стана вирална содржина на интернет.
1 Линк до оригинална вест: https://denesen.mk/fbi-otkriva-soros-ja-finansiral-jasmina-golubovska-koja-se-machkashe-so-karmin-pred-policiski-shtit-vo-tn-sharena-revolucija/
Јас немам никакво право врз фотографијата за да барам или добивам финансиски надоместок од трети субјекти за наводни Пи Ар кампањи. Напротив, затоа што фотографијата е направена за време на јавен собир немам никакво право на сопственост, оттука немам право да ја отуѓувам за пари.
Шарената револуција, како што медиумите ја нарекуваат, започна во април 2016 година или конкретно после 12 април, како одговор на нелегалната аболиција на носители на јавни функции од страна на тогашниот Претседател Иванов. Ова таканаречено движење започнува речиси 1 година подоцна од протестот оддржан на 05.05.2015 година кога е направена фотографијата.
Согласно горенаведеното со целосна правна и морална одговорност изјавувам дека не сум добила финансиски средства, јавна фукција и/или сум член на било која партија во Република Македонија и било каква друга материјална и/или нематеријална добивка вон позитивните законски прописи за вработување во државата.
Срдечно,
Подносител:
Јасмина Голубовска