ТЕНДЕРИ: Мажот директор на ТЕЦ, сопругата со РЕК потпишува договор од 630.000 евра и велат нема никаков конфликт на интереси

/ 17.11.2022

Милица Стојановиќ се потпишува како одговорно лице на фирмата „Хем алијанс“ на договорот со ЕСМ заверен на 20 октомври вреден 632 илјади евр. Нејзиниот сопруг е Небојша Стојановиќ, директор на ТЕЦ Неготино. Од РЕК Битола велат дека нема некаков конфликт на интереси и дека за тоа била потпишана дури и изјава, пишува порталот МКД.мк.

На 20 октомври АД ЕСМ за потребите на РЕК Битола склучува договор за јавна набавка на стоки во директна спогодба со семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино и висок функционер во СДСМ, Небојша Стојановиќ од Неготино, „Хем алијанс“ со седиште во Пепелиште. Сопственик на фирмата е неговиот татко, а управител неговата сопруга Милица Стојановиќ. „Хем алијанс“ се обврза во наредните 12 месеци за потребите на РЕК Битола да набавува „чисто органско биоразградливо соединение за спречување на појава на прашина од одложена пепел (РЕК Битола)“. Вредноста на овој договор со ДДВ е 39.117.000 денари. Потписник во име на РЕК Битола е директорот Пеце Матевски, објавува порталот.

Од РЕК Битола, како дел од системот на Електрани на Македонија (ЕСМ), велат дека наведената набавка е јавна набавка која е спроведена во РЕК Битола и истата не се однесува во никој случај за ТЕЦ Неготино.

Целиот текст прочитајте го на МКД.


Од истата категорија