На гробиштата во тетовското село Јеловјане на Шар Планина денеска беше погребан 36-годишниот Беким Алиу, кој пред два дена беше застрелан, а потоа запален од 24-годишниот полицаец Енвер Тоска, во атарот на прилепското село Беловодица.
Неговите соселани и роднини се револтирани од тоа што убиецот е полицаец, кој наместо да ги штити граѓаните посегнал по животот на Алиу поради пари.