Дрон „ЕмКју-9“ (MQ-9) на американската армија е соборен југоисточно од главниот град на Јемен, Сана.

Двајца неименувани претставници на американската армија изјавија дека дронот е соборен синоќа.

Портпаролот на бунтовниците Хути, кои ја контролираат територијата над која е соборен дронот, изјави дека бунтовничката противвоздушна одбрана собори американски дрон.