Скопското обвинителство бара притвор за двајца од демонстрантите на вчерашните протести против пресудата за случајот Монструм.

По завршувањето на говорот на организаторот на протестот, осомничените, на возраст од 22 и 19 години, и повеќе други лица започнале да фрлаат камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, кон полицијата, во обид да го пробијат полицискиот кордон.

Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени се и 11 полицајци.

Обвинителството побара притвор за двајцата осомничени поради опасност од бегство или можност да го повторат делото.

Од Обвинителството велат дека откако МВР, ќе ги комплетира кривичните пријави и за други лица кои биле насилни за време на протестот, обвинителството скопје и за нив ќе поведе кривична постапка.

Сега, двајцата осомничени се гонат за учество во толпа која извршила кривично дело.