ЈО БИТОЛА СО ЖАЛБА: Марковски има имот во странство, може да побегне, бараме затворски притвор

/ 10.10.2025

Битолското обвинителство вложи жалба во врска со  одлуката на битолскиот суд, со која се предвидува двајца од осумте осомничени за истрагата во врска со злоупотреби со јавните набавки во РЕК „Битола“, да одат во куќен притвор.

Станува збор за еден од раководителите на Рудници во РЕК „Битола“ и за Борче Марковски, сопственикот на фирмата „Марковски компани“, која претходно ги добивала тендерите во Комбинатот и која како правен субјект се сомничи во случајот.

Од Обвинителството од Битола инсистираат на мерка ефективен притвор, а причините за тоа се ризици од бегство на осомничените.

„Надлежниот јавен обвинител не се согласува со ваквата одлука, особено имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, од кои едниот има и значителен имот во друга држава. Од тие причини обвинителството бара мерка ефективен притвор“, најавија од ОЈО Битола.


Од истата категорија