Од Јавното обвинителство тврдат дека ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација.

– Обвинителскиот тим постапува целосно синхронизирано и непрекинато презема дејствија, велат од Обвинителството.

Утринава,  Демократската унија за интеграција во соопштение до јавноста наведе дека информациите оти еден јавен обвинител се повлекол поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата, е аларм за целото општество.

Фото: МИА архива