Поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири од апелационите судии побара да биде пуштен на слобода. Тој денеска на јавна седница во Апелациониот суд убедуваше дека нема да избега од државата во случај да му биде укината мерката притвор, пренесе АЛСАТ.
Но, со тоа не се согласуваат од обвинителството. Тие стравуваат дека Зеќири може да влијае на постапката и да ја попречува истрагата која се води против него. Скопска Апелација од понеделник ќе одлучи дали Зеќири да излезе или и понатаму ќе остане во притворот во Шутка.
Тој таму се наоѓа веќе околу два месеца под сомнение за злоупотреба на функцијата при јавна набавка без тендер од околу еден милион евра.