Маж од Кавадарци на 70 годишна возраст во четвротокот е пронајден мртов во својот дом. Првичниот наод од обдукција укажува дека починатиот имал повеќе убодни рани, а потоа бил запален, соопштија денеска од државното Јавно обвинителство.
Веднаш по пронаоѓање на телото бил извршен увид на местото, и биле подигнати траги со цел да се утврдаат околностите под кои настапила смртта и по наредба на јавниот обвинител се превземаат интезивни дејствија за откривање на сторителот.
Дваесет годишен ученик со умисла извршил насилство врз три малолетни деца. Настанот се случил пред средното училиште и кафе бар во Кисела вода.
На децата им биле нанесени тешки телесни повреди на сите деца, а едниот ученик добил потрес на мозок.
Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.Вчера на бул.„Никола Карев“ во Скопје полициски службеници привеле скопјанец кој при караница за недоразбирање во сообраќајот извадил пиштол, но бил спречен да го употреби соопштуваат од МВР.
По целосно документирање на случајот, од страна на Единицата за насилен криминал, против лицето ќе следи соодветна пријава.