Тендерот вреден 11,2 за терминалите за гласање со отпечаток на прст стаса на разгледување пред Антикорупциска комисија.

Како што објави ТВ 24, во Комисијата веќе стигнала техничката документација и финансиските документи за тендерот.

Откако ќе биде разгледана, на разговор ќе биде повикан и претседателот на ДИК Александар Даштевски, а не се исклучува и челновите на ДИК кои беа членови во тендерската комисија.

Тендерот го доби фирмата „Дермалог“ со седиште во Хамбург, која е најголемата германска фирма за изработка на биометриски апарати.

Но, до ланските локални избори во Македонија имала скромно искуство и негативни критики за време на парламентарните, а подоцна на претседателските избори во Авганистан во 2019 година.