ЈО ЗА ПРИТВОРОТ НА КАМЧЕВ: АНБ дознала дека се подготвува за бегство, осомничен е за перење пари

/ 14.03.2021

Денеска во утринските часови, врз основа на сознанијата на Агенцијата за национална безбедност дека Јордан Камчев се подготвува за бегство, Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода, истакнува ЈО по притворот за Камчев.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на своите надлежности до Основниот кривичен суд – Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Јордан Камчев е едно од шестте осомничени лица за кои во октомври минатата година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка заради постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик, се вели во објвата на ЈО.

Притворот е одреден побарање на обвинителката Лиле Стефанова. Камчев е осомничен во случајот„Плацеви на Водно“, во кој се осомничени и Сашо Мијалков и Никола Груевски.


Од истата категорија