Предводникот на новиот НБА шампион Никола Јокиќ ги воодушеви и насмеа новинарите на првата прес конференција по триумфот над Мајами и освојување на НБА прстенот.

Српскиот центар остана шокиран кога го погледна својот телефон по освојувањето на титулата со Денвер Нагетс.

Нагетси го победија Мајами во големото финале со 4-1 во серија, а по петтиот натпревар Јокиќ зборуваше на прес-конференција.

На крајот од разговорот со медиумите, новинарот го праша Јокиќ дали ова е најголемата ера на српските спортисти со оглед на освојувањето на Ѓоковиќ на рекордниот 23 грен слем трофеј и неговата шампионска круна во НБА.

-Би морала да биде, одговорил Јокиќ.

Никола потоа го зел телефонот за да му честита на Ѓоковиќ и да види дали неговиот славен сонародник му испратил порака, по што следела урнебесна сцена бидејќи видел „мали милион“ пораки.

Јокиќ потоа продолжи да зборува :

“Спортот е нешто што секогаш ја турка Србија напред. Дури и пред 20-30 години. Го имаме Ѓоковиќ, кој за нас е најдобар на сите времиња. Сега имаме и шампион во НБА. Добро време е да се биде Србин”, истакнал Јокиќ.