Како што знаете, денеска, приватните превозници се откажаа од блокирање на градот поради барањата на граѓаните, но и поради молбите да има проток на движење за граѓаните и за децата кои треба да присуствуваат на Златно славејче. Како што гледате се е проодно, но тука сме за градоначалничката да види колку сме на број. Ова го истакна денеска Ленин Јовановски, директорот на „Слобода превоз“.
Тој истакна дека по средбата меѓу приватните превозници, се договориле дека сакаат да им излезат во пресрет на граѓаните, но се уште нема договор со градоначалничката на град Скопје.
– Бидејќи градоначалничката не ги прими да ги сослуша превозници, да кажеме дека не сме тука да вршиме притисок, ние преку медиумите сакаме да порачаме дека, тука сме да кажеме дека и ние сакаме најбрзо што може да се надмине оваа ситуација. Значи, сакаме да им излеземе во пресрет и на граѓаните, и сакаме да потенцираме дека приватните превозници се спремни да почнат со работа веднаш штмо се рачисти долгот, бар дел од долгот, за да се надмине ситуацијата. Гледаме дека преку советот има разни стимулации за ЈСП, сега има дополнителни средства и за други јавни претпријатија. Приватните превозници вршат јавна дејност, и за да ја вршат им требаат средствата – укажува Јовановски.
Тој дополни дека „Доколку навистина сакаат да се реши проблемот, еве шанса, тие ќе почнат веднаш да го вршат превозот… и ќе го вршат се додека не се реализира новиот концепт. За да нема вакви гужви низ градот, а кога ќе се почне да функционира новиот оглас, да продолжи превозот со новите превозници со кои ќе се потпишат договори. Ова е најоптимално решение, за да не им штетиме на граѓаните“.
Тој истакна дека доколку имаме некакви сигнали, некаков одговор и некакво решение за оваа ситуација, за овој предлог кој сега го даваат, на кој инсистираат да се прифати, тогаш ќе престанат протестите.
– Во спротивно, масовниот протест на приватните превозници кој го најавивме со блокирање на крстосниците кај Мавровка, Црвен Крст и Илинденска ќе се реализира во понеделник – потенцираше Јовановски.
Тој дури предложи и советот на град Скопје да изнајде решение, да издвои средства за приватните превозници, кои дури и немора да е исплата на севкупниот долг, туку поголем дел, и да продолжи да се серивисираат трошоците согласно договорот.