Да држиш во зандана ваков благороден човек како Јане Ченто, во најмала рака е злосторство и многу лоша карма за Македонија!- вели познатиот македонски артист и соборец на Ченто, Владо Јовановски.

– Зошто „Tатковината“, како и во минатото и сега си ги уништува најарните свои синови? Од кратката средба со Ченто, само ми се потврди тоа што го знам. Јане иако е во затвор, тој е слободен, а ние поробените/окупираните, глумиме слобода, објави Јовановски на Фејсбук.

Како што објавивме, Јане Ченто, по повеќе години робија поради македонски патриотизам, деновиве доби неколку дена слобода.