Ако мечката игра кај комшијата, ќе заигра и во вашиот двор, вели познатиот македонски актер Владо Јовановски во врска со „пискотниците од Галичник до Река и низ цела Македонија“ за тоа што им го приреди власта која го смени името на Република Македонија и ги остави без документи.
Во продолжение целата објава на Јовановски, кој беше еден од прогонуваните македонски патриоти, на Фејсбук:
Ќутачи и ќутачки!
Молчевте кога излегувавме на улица.
Молчевте кога го браневме уставот и името на Р. Македонија. Македонскиот јазик, култура, историја, идентитет…
Молчевте кога се боревме за достоинство на Македонскиот народ и на сите граѓани на Р.М.
Молчевте кога не’ притвораа.
Молчевте кога не’ затвораа.
Молчите и сега, додека невини луѓе издржуваат драконски казни по занданите, за дело кое не го сториле.
На крај, цел народ го ставија во притвор. Без можност за излегување и влегување во “Резерватот Северна”, ниту за арно, ниту за недај Боже.
Возљубени молчељупци, на здравје да ви е ќутењето!
Заборавивте на онаа: „Ако мечката игра кај комшијата, ќе заигра и во вашиот двор”!
(Подготвил: Д. Г.)