Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески изјави дека нема отворено постапка за СМС пораката, која обвинителката Вилма Рускоска ја испрати до судиите кои ја пуштија Катица Јанева во куќен притвор.
-Состојбите што настанаа со пораката на обвинителката Рускоска ги разгледа Колегиумот на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Колегиумот и јас како јавен обвинител наоѓаме дека до овој момент нема основ за покренување дисциплонска постапка, истакна Јовески.
Тој посочи дека треба да се почека што ќе заклучи Советот на јавни обвинители, кој денеска расправа за ова.