– Не сметам дека ќе има поместување на датумот за организирање на предвремените избори на 12 април. Овој датум е консензуално донесен од страна на сите политички партии. Сите веќе ги имаме отпочнато подготовките за одржување на избори на 12 април, изјави Ахмети.

ДУИ и Ахмети остануваат на ставот дека изборниот модел не треба да се менува на само неколку месеци пред изборите и оти за ова прашање треба да се постигне поширок политички консензус.

– Времето не дозволува да влеземе во вакви измени на Изборниот законик, бидејќи имаме многу големи разлики како политички партии што ќе ја комплицира ситуацијата, а тоа не би било во полза ниту за партиите, ниту за државата, вели лидерот на ДУИ.

Тој не кажа кога би можеле измените на Изборниот законик на кои работат работните групи да бидат доставени во Собранието. Лидерот на ДУИ денеска во Собранието присуствуваше на доделувањето на државната награда 22 Ноември, што се доделува по повод Денот на албанската азбука.