Сашко Јовев вчера го потпишал решението со кое министерот за здравство го разреши од директорската функција на клиниката за кардиохирургија, објави Сител.
Неговиот правен тим од понеделник ќе одлучи дали и кога истото ќе биде обжалено. На кардиохирургот му се забележува дека според контролите на Меџити имал злоупотреби со дежурства и евиденција.
Установата со која раководеше Јовев засега е без медицински менаџер и ниту министерот ниту од СДСМ не кажуваат кога ќе назначат нов директор и дали тој ќе биде од редовите на вработените или ќе биде донесен од надвор. Јовев во вчерашното годтување на Сител кажа дека засега останува на кардиохирургија иако веќе имал понуди од странство.