Во овие два твита од некој си Базе Лазевски има две закани кои можат да влијаат врз и да исплашат одреден број луѓе кои немаат намера да излезат на референдумот. Што велат Јовевски и Камбовски, ова е за 30 дена притвор и кривична постапка или не? По теркот на „осуда“ од Камбовски за „организаторите“ на референдумот, ова е класика за три оброка во Шутка. За почеток.
Еве да помогнеме ако треба, бесплатно, со цитат на КЗ:
Овде или станува збор за сериозна закана дека секој кој нема да излезе да гласа ќе сноси санкција, или за измама дека ќе се сноси санкција. Типов не мора да е тој што може да ја изврши санкцијата, но луѓето тоа ен го знаат, плус, очигледно пренесува абер на некој кој може, што го прави соучесник, поттикнувач или што веќе сакате. Ајде, знаете дека е така, не бидете суетни.