Дел од корисници на повеќе улици во Кисела Вода денеска ќе бидат со прекинато водоснабдување.
Како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, прекинот на водоснабдувањето е поради дефект во шахта од Ф-5/4 мм на улица „Иван Козаров“ број 6 во населба Кисела Вода, а прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Иван Козаров“, „Божидар Аџија“, „Вера Јоциќ“, „Ѓорѓи Димитров“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.