Министерството за труд и социјална политика соопшти дека, согласно со Законот за празниците, 22 ноември 2021 година (понеделник), Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Македонија.

Министерството за труд и социјална политика, воедно, на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука.