Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека јавниот превоз во главниот град продолжува да сообраќа по саботен возен ред, а оти исклучок се линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.
Одлуката, како што се вели во соопштението од ЈСП, е согласно препораките и мерките на Владата во превенција од ширење на коронавирусот.
Одлуката ќе важи во наредниот период, се до новите препораки.