Поради муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам, линиите 11, 11А, 47А, 55, 55Б, 56, 56А и 160 утре ќе сообраќаат по неделен воен ред, соопштија од ЈСП.
Од Претпријатието наведоа дека во понеделник, поради државниот празник Илинден (Ден на Републиката), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
– Дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7:00 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7:00 до 13:00 часот, информираа од ЈСП.