Граѓаните кои ќе користат јавен превоз мора да носат заштитни маски, а автобусите задолжително редовно да се дезинфицираат.
Превозниците треба да водат сметка и за бројот на патниците што ќе се превезуваат, а максимална искористеност, според владината уредба, е до 50 отсто од капацитетот на возилата.
ЈСП Скопје соопшти дека поради зголемениот број на новозаразени со Ковид-19, од денеска е укинат бесплатниот автобуски превоз за пензионерите во вторник, петок, сабота и недела, што беше воведен минатата недела.
Автобусите на ЈСП Скопје“ сообраќаат во текот на целиот ден без временско органичување, по саботен возен ред.