Автобуската постојка Југодрво е вон употреба поради реконструкција на коловозот на булевар „Кочо Рацин“ и воведениот привремен режим на сообраќај, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

ЈСП информира дека поради градежните зафати, автобуската линија 9 сообраќа по изменета траса во правец од Скопје Север кон Клинички центар, односно, автобусите по Бит-пазар вртат десно по булевар „Гоце Делчев“, лево по булевар „Филип Втори Македонски“ (од кај МНТ), кај Градска болница лево по булевар „11 Октомври“ (Зелен пазар) и десно преку булевар „Кочо Рацин“ продолжуваат по вообичаената траса.

Во правец од Клинички центар кон Скопје Север, возилата сообраќаат по својата редовна траса.

– Посочените измени ќе важат сè до обезбедување услови на терен за вообичаен режим на функционирање на јавниот превоз, наведува ЈСП.