Фудбалерот на за врска на Монако, Цеск Фабрегас, денес прослави јубилеј – го одигра 800-от натпревар во својата кариера.

Монако славеше победа над Нант со 2:1 во дуел од 3. коло во француската Лига 1.

Фабрегас низ својата богата кариера има 303 настапи за Арсенал, 151 во дресот на Барселона, 198 за Челси, 38 како играч на Монако, вклучувајќи го и денешниот меч.

Шпанецот исто така одигра 110 натпревари за репрезентацијата на својата земја.