Расправата во Велика Британија за нејзиното напуштање на Европската унија и понатаму е далеку од стварноста, изјави синоќа претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.
– Имам впечаток дека Британците мислат дека сме се откажале од Велика Британија, но всушност е обратно, изјави Јункер на форум во германскиот град Фрајбург.
Тој додаде дека британската јавност никогаш не била правилно известена за последиците од напуштањето на ЕУ. Според него, во Британија никогаш не била одржана вистинска кампања за референдумот и Британците како и министрите во британската Влада дури сега откриваат колку прашања се покренати со Брегзит.
– Доколку преговорите за воздушниот сообраќај не успеат, ниту еден британски авион нема да може да слета на континентот. Луѓето тоа не го знаат и треба да им се каже, нагласи Јункер.