Претсеателот на САД, Доналд Трамп, на 25 јули ќе го прими во Вашингтон Жан Клод Јункер, претседателот на Европската комисија, соопшти денес Белата куќа.

Меѓу прашањата за кои ќе се разговара, се надворешната и безбедносна политика, економијата и контратероризмот, се вели во соопштението на портпаролката Сара Сандерс.

„Претседателот Трамп и претседателот Јункер ќе се фокусираат на подобрување на трансатлантската трговија и создавање посилно економско партнерство“, рече таа.

Европската комисија издаде речиси идентично соопштение.

Средбата доаѓа во период кога има трговска војна која ја почна Трамп, а која почнаа со воведување тарифи за увозот на алуминиум и челик, а потоа се прошири и на други производи од Европа.

Од друга страна ЕУ возврати со контрамерки за легендарни американски производи како што се „Харли Дејвидсон“, „бурбонот“ и фармерките.

Последната закана од Трамп се однесува за увозот на автомобили од ЕУ за кои би можеле да се воведат царини во висина од 20 проценти.