Прашањето за заштитата на животната средина беше меѓу темите на средба посветена на граѓанското општество и организирана денеска во Брисел од Европскиот економски и социјален совет.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер нагласи дека политичарите не седат со скрстени раце.

– Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговиоте пријатели се со став дека промените во животната средина се измислица. Според мене, треба да ја набљудуваме животната средина за да ги забележиме признаците за промени. Пчелите се важни колку и Трамп, нагласи тој.

Јункер додаде дека во новиот буџет на Европската унија до 2027 година секое четврто евро ќе биде насочено за заштита на животната средина.