Обвинетите татко и ќерка, Шериф Ракума и Блерта Рамука и двајцата од Косово и правното лице „Радика Резорт” ДООЕЛ увоз извоз с. Леуново Општина Маврово и Ростуше, не се виновни за бунгалови на брегот од Мавровското Езеро.

Како што објави порталот МКД, така одлучил Основниот суд во Гостивар каде судијата Даут Рустеми проценил дека не се докажало дека обвинетите го сториле кривичното дело Бесправно градење од чл.244-а став 1 од Кривичниот законик, а за правното лице за кривично дело бесправно градење од чл.244-а став 5 в.в со став 1 од Кривичниот законик, кое им се става на товар.

Јавен обвинител кој го застапувал обвинението е Хазби Исеини од ОЈО Гостивар. Во Пресудата во делот на образложението не е наведено дека Јавниот обвинител доставил извод од казнена евиденција како доказ за осудуваност или неосудуваност на Шериф Рамука и Блерта Рамука.

Пресудата е донесена на 4 јули годинава, а јавно објавена на три дена подоцна, во која застапникот на обвинението не докажал надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат, додаваат од Судот.

Целиот текст во МКД