Јувентус, според тврдења на италијанските медиуми, е решен да го продаде Гонзало Игуаин и да го купи Мауро Икарди.
„Старата дама“ е во потрага по класичен напаѓач и, како што наведуваат медиумите, управата го гледа решението во Париз. Со ослободување од Игуаин, би се ослободиле 7,5 милиони евра колку што е неговата годишна плата.
Втора опција за италијанскиот шампион, која воедно е малку веројатна, е Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд кој оваа зима стана „милионер“ по трансферот од Салцбург.