Јувентус испрати официјална понуда за трансфер на напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Мауро Икарди. Торинскиот клуб е подготвен да го изнајми 28-годишниот Аргентинец со опција за откуп, објави италијанскиот новинар Ромео Агрести.

Сега „бјанконерите“ чекаат одлука и одговор од француска страна.

Икарди дојде во ПСЖ од Интер. Како дел од францускиот тим, 28-годишниот напаѓач учествуваше на 66 натпревари на сите турнири, постигна 35 гола и направи 10 асистенции.

Моменталниот договор помеѓу аргентинскиот напаѓач и францускиот клуб има важност уште три сезони.

Фудбалерот закрепнува од повредата на рамото, која ја доби на натпреварот во Лига 1 со Брест (4:2) и се очекува на крајот на септември да биде подготвен за натпревари.