Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели го дистанцираше клубот од идејата за создавање на нова европска суперлига.
Според документите објавени од „Шпигел“, еден од клубовите, кој настојува за основање на слична лига, бил токму италијанскиот гигант, но според Ањели, тоа воопшто не е вистината.
– Сакам да потврдам дека никогаш не сме дискутирале, ниту пак сме биле вклучени на некој начин во креирањето на овој документ. Ако сакаме да го промениме балансот на европскиот фудбал и да има повеќе меѓународни натпревари во Европа, тогаш треба да ги намалиме натпреварите дома, рече претседателот на Јувентус.